Архиерејска литургија во манастирот „Свети Спас“ Лакочереј и во „Св.Наум“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 13 јуни 2013 година (четврток), во манастирот „Свети Спас“ – село г. Лакочереј, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Вознесение Христово“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 16 јуни 2013 година (недела), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, ќе биде осветен параклисот посветен на свети Кирил и Методиј, и ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.