Копенхаген најдобар град за живот на светот

Данската престолнина Копенхаген е прогласен за најдобар град за живот на светот, во изборот на британскиот магазин „Monocle“. Копенхаген на најдобар начин одговара на современите потреби на урбаниот квалитет на живот, се наведува во образложението.

Според овој магазин, кој по седми пат прогласи 25 најдобри градови за живот, наведено е дека оценувана е „рамнотежата помеѓу напредокот и традицијата, стимулацијата и сигурноста, глобално и локално“. Критериумите, покрај останатите, оценувани се работното време и понудата на угостителските објекти, разновидноста на културната понуда, квалитетот и искористеноста на јавниот простор, климата, степенот на криминал, здравствената заштита, како и сексуалната и верската слобода.