Министерката за внатрешни работи во посета на Општина Дебарца

Денес во посета на општина Дебарца беше министерката за Внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска. Таа оствари работна средба со градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски. На средбата која се одржа во кабинетот на градоначалникот, тема на разговор беше пројавениот интерес за взаемна соработка од аспект на безбедноста во оштина Дебарца како и едукација на најмладите во оваа општина.

На средбата беше договорено да се засилат полициските патроли на територијата во општина Дебарца со цел зголемување на безбедноста на жителите, а исто така беше договорено во склоп на оптинската зграда да биде отворена Полициска Канцеларија во која жителите на општина Дебарца ќе ги пријавуваат своите проблеми од аспект на безбедноста.

Покрај безбедносниот аспект на состанокот се разговараше за профункционирањето на локалниот совет за превенција во општина Дебарца.

Министерката ја искористи посетата на општина Дебарца да оствари средба со жителите на с.Белчишта каде директно ги запознаа со заклучоциците од средбата со градоначалникот. Исто така жителите имаа можност да и постават прашања на министерката меѓу кои би го издвоиле тоа дали може општина Дебарца да добие сопствени регистерски таблици.