Околу 200 припадници на МВР во акција за спасување заложници и апсење терористи

Вчера и денес во Охрид, повеќе организациони единици при Министерството за внатршни работи ја изведоа  националната вежба за превенција од тероризам насловена „Галеб 2013“, чија што денешна финална фаза ја проследи и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска.

Вежбата којашто беше организирана во рамки на активностите предвидено со Акциониот план на Националната стратегија за борба против тероризмот, се одвиваше според сценарио кое беше замислено како терористички акт на група на џихадисити кои учествувале во борбите во Сирија и кои грабнуваат брод со ВИП гости на Охридското езеро со намера да осолободат нивни соборци (од балканскиот регион) неодамна уапсени во РМ.

Притоа според сценариот во кое беше деатлизиран начинот на грабнувањето на туристичкиот брод со странски гости учесници на меѓународна конференција – прво дел од грабнувачите (инаку вкупно сумина) се качуваат во бродот што се обраќа до Свети Наум, потоа на потегот во близина на хотел Парк изведуваат превземање на брод и тука со глисер им се придружуваат другата група терористи.

Групата грабнувачи покрај осумината директни извршители, според сценариот има и двајца помагачи логистичари во Охрид и двајца во Дебар задолжени за опрема и вооружување. Овој дел од сценариото беше разработен во текот на вчерашниот ден. По ова следи превемање на низа мерки, постапки и активности на организациони единиц во МВР за соочување и разрешување на настаната кризна ситуација. Овие активности коишто се одвиваа во текот на овој втор ден од вежбата, меѓу другото, опфаќаа формирање штаб, соочување со барањата на терористите грабнувачи во рамки на преговарачкиот дел (според сценариото – да се ослободат петмина припадници на истата терористичка групација од КПУ Идризово и истите безбедно да се транспортираат до бродот на кој што се наоѓаат грабнувачите а потоа да се дозволи непречено преминување на државната граница со Република Албанија.

Преговорите завршуваат неуспешно поради неприфаќање на нивните услови од страна на МВР, по што следи акција за ослободување на заложниците и неутрализирање и апсење на терористите и другите инволивирани во терористичкиот чин. Притоа, специјалните единици од Одделот за посебни единици во Централните полициски служби при Бирото за јавна безбедност, превземаат организиран зафат – упад од вода и воздух, и како епилог сите заложници се ослободени тројца од грабнувачите беа ликвидирани, а 5 лишени од слобода, додека напоредно беа превземени полициско судски мерки за апсење на нивните помагачи-логистичари во Охрид и Дебар.

Во вежбата учествуваа 200 припадници на разни организациони единици во МВР како од Управата за безбедност и контраразузнавање така и од Бирото за јавна безбедност. По завршувањето на вежбата беше направена евалуација на сите позитивни елементи од изведената вежба, како и детектирање на слабостите и пропустите при изведувањето на истата.

vezba ohrid