Градоначалникот на Дебарца Трајкоски оствари средба со МЗ Требеништа

Градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски оствари средба со претставници на Месната заедница од селото Требеништа.

Тој на средбата ги слушна нивните проблеми и се поразговара за тоа до каде е решавањето на некои отворени прашања кои не биле решени со години, а се зборуваше и за стартот на градбата на балон за покривање на спортски терен во зима како и реконструкцијата на училиштето.