Претседателот Иванов присуствуваше на литургија во манастирот во Калишта по повод празникот Мала Богородица

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) присуствуваше на светата литургија во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта, со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан, во сослужение со епископот велички г. Јосиф и епископот лешочки г. Јосиф.

„На сите православни христијани сакам да им го честитам големиот празник Рождество на Пресвета Богородица. Ова е празник и за славење и за радување. Празник кога го славиме семејството, празник кога ги славиме рожбите. Затоа ова е ден кога треба да се потсетиме на обврските кон семејството, обврските кон децата, да се грижиме за нив и да даде Господ да имаме што повеќе рожби“, изјави претседателот Иванов.

IvanovKalishta2