МД „Илинден“ – Тирана достави барање до претседателот Илир Мета за ревидирање на Законот за заштита на малцинствата

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо, доставија барање до албанскиот претседател Илир Мета, во кое се бара согласно неговите уставни надлежности, да го врати во Парламентот на повторно разгледување Законот за заштита на малцинствата. Во барањето се посочува дека Законот, кој е усвоен на 13 октомври 2017 година го сметаат за многу значаен за малцинставата во Република Албанија. Поради тоа не може да се дозволи искривување на вистината со прзинавање на непостоечко бугарско малцнство во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, кои се населени со…

повеќе...

Почнува осмата по ред Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, годинава по осми пат ќе се одржи во Охрид, од 21 до 31 август. Целта на школата е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот. И годинава школата…

повеќе...

Во тек е конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов за 2017

Во тек е конкурсот за осмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 20 август до 1 септември во Охрид. Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство,…

повеќе...

Заев: Иванов направи државен удар, веднаш да ја повлече одлуката и да го додели мандатот за формирање нова Влада!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Ѓорге Иванов, со одлуката да не го додели мандатот за состав на новата Влада, за што е обврзан според Уставот на Р.Македонија, изврши државен удар! Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици по граѓаните и по државата. Тој прави уставно – државна криза со тоа што ја негира мнозинската волја на граѓаните и поднесените 67 потписи на избрани пратеници во Собранието на Р.Македонија и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Со ваквото однесување, Иванов уште…

повеќе...

Коалициските партнери на СДСМ дадоа едногласна поддршка Заев да биде мандатар на новата Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателите на коалициските партнери на СДСМ. На состанокот сите партнери од коалицијата дадоа поддршка претседателот на СДСМ, Зоран Заев да биде мандатарот за состав на новата Влада на Р.Македонија. Заедничка е оценката дека претседателот на СДСМ води совесни, мудри и одговорни политики согласно Уставот, во разговорите за обезбедување на новото парламентарно мнозинство и за состав на новата Влада. СДСМ и коалициските партнери очекуваат, Горге Иванов да го даде веднаш мандатот на претседателот Заев за состав на новата Влада, откако се собрани…

повеќе...

Груевски: На чекор сме до губење на работи кои нашите предци ги добиле со многу крв

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нагласи дека надворешните фактори, односно центри на моќ играат клучна улога во кризата во Македонија. „Улогата на надворешни центри е круцијална за предизвикување на кризата во Македонија и неслучајно на собирите пред изборите говорев за тоа дека кризата ќе заврши само ако добиеме 63 пратеници. Тоа некои луѓе го сфатија сериозно, а некои не. Еве, како што може да видиме, кризата не е завршена. Но она што е пострашно е што сме на чекор до губење за работи до што се дошло со многу крв…

повеќе...

Илчо Ѓорѓиоски реизбран за претседател на ФФМ

Илчо Ѓорѓиоски едногласно е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија со четиригодишен мандат до 2021 година. На Редовното изборно генерално собрание кое се одржа во хотел „Александар Палас“ во Скопје, Илчо Ѓорѓиоски со 91 глас го доби мандат да го предводи македонскиот фудбал. „Најнапред сакам да ја искажам мојата благодарност до сите вас за укажаната доверба. Голема чест е да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал како што тоа некогаш го правевме на теренот. Вратата на Фудбалската федерација секогаш ќе ви биде…

повеќе...

Претседателот Иванов и дипломатскиот кор во посета на Вевчани

Претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија во рамки на традиционалниот прием што по повод новогодишните празници го организира Претседателот на Република Македонија д-р Горѓе Иванов, денеска ја посетија општина Вевчани. Во рамки на посетата на општината дипломатите ги посетија вевчанските извори и црквата „Свети Никола”, како дел од богатото културно-историско наследство на Дримколскиот крај. „Ова е мошне добра и плодотворна иницијатива на претседателот да организира вакви годишни средби и тоа надвор од главниот град. Тоа за нас е можност да…

повеќе...

Иванов: Ние на Балканот го чувствуваме отсуството на ЕУ и на НАТО, што може да ја загрози стабилноста на Балканот

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во Струга приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија. На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања имаа претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. г. Олег Шчербак. „Ова е моето 8. обраќање пред дипломатскиот кор во Република Македонија. Годинава, не би сакал да го повторувам веќе кажаното. Нема да зборувам за политичката криза во…

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Дозволете ми, во мое и во името на сите граѓани на Република Македонија, да ви го честитам празникот Свети Сава. Прославата на Денот на првиот српски архиепископ е можност да се присетиме на делото и на учењето на овој просветител и државник, кој има големо значење за развојот на српската, но и за негувањето и за ширењето на христијанската мисла на овие простори. Република Македонија е…

повеќе...