Ставрески: Редовно се извршуваат обврските кон стопанството и навремено се врши повратот на ДДВ

Ли­квид­но­ста на бу­џе­тот е до­бра би­деј­ќи при неговото пла­ни­ра­ње беа из­врш­ени вни­ма­тел­ни ана­ли­зи и бе­ше обез­бе­де­на ста­бил­на рам­ка за финан­си­ра­ње, чи­ја­што ос­но­ва се ре­ал­но пла­ни­ра­ни­те бу­џет­ски при­хо­ди, ка­ко и обез­бе­де­ни­те средс­тва од ме­ѓу­на­род­ни из­во­ри, под по­вол­ни ус­ло­ви, нагласува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за неделникот „Република.“

Одговарајќи на прашањето како ги коментира цр­ни­те прогно­зи на опо­зи­ци­ја­та од де­кем­ври ла­ни де­ка ако се до­не­се бу­џе­тот, дека Ма­ке­до­ни­ја ќе бан­кро­ти­ра за шест ме­се­ци, Ставрески потенцира дека за жал, опо­зи­ци­ја­та по­сто­ја­но има неконструкти­вен при­стап и не­ар­гу­мен­ти­ра­но пла­си­ра цр­ни сце­на­ри­ја за Ма­ке­до­ни­ја.

„Та­ка бе­ше си­те из­ми­на­ти го­ди­ни, та­ка е и оваа. Еве по­ми­наа осум ме­се­ци од 2013 го­ди­на, ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја има трет нај­до­бар ре­зул­тат во Евро­па, ре­дов­но се исп­ла­ќа­ат си­те обврски од бу­џе­тот, дол­гот е и на­та­му че­тврт нај­мал во Европа. Ка­де е кра­хот што го нај­а­ву­ваа опо­зи­ци­о­не­ри­те? Јавно­ста мо­же да про­це­ни кој бе­ше во пра­во и да­ли се ис­пол­ни­ја нив­ни­те сце­на­ри­ја, вели министерот за финансии. Об­вр­ски­те од бу­џе­тот ре­дов­но се сер­ви­си­ра­ат“, посочува Ставрески, при што на­вре­ме­но се исп­ла­ќа­ат пен­зи­и­те, пла­ти­те и со­ци­јал­на­та по­мош.

„Ка­ко што бе­ше нај­а­ве­но, зак­луч­но со фе­вру­а­ри 2013 го­ди­на це­лос­но се исп­ла­ти­ја об­вр­ски­те кон сто­панс­тво­то во из­нос од 92 ми­ли­о­ни евра, од кои 52 ми­ли­о­ни евра об­вр­ски по ос­но­ва на по­врат на ДДВ и 40 ми­ли­о­ни евра за ре­а­ли­зи­ра­ни про­е­кти. Со тоа Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од ре­тки­те зем­ји од ре­ги­о­нот што се раз­дол­жи кон сто­панс­тво­то, што бе­ше по­твр­де­но и од меѓународ­ни­те фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции. От­то­гаш ре­дов­но се из­вр­шу­ва­ат об­вр­ски­те кон сто­панс­тво­то и на­вре­ме­но се вр­ши по­вратот на ДДВ, подвлекува тој. Ток­му оваа ли­квид­нос­на ин­јек­ци­ја“, нагласува министерот Ставрески, мно­гу по­мог­на ма­ке­дон­ски­те фир­ми да има­ат солид­ни ре­зул­та­ти во ус­ло­ви на го­ле­ма еко­ном­ска кри­за, посеб­но ко­га ста­ну­ва збор за гра­деж­ни­те ком­па­нии.

„Не­ма зем­ја во Евро­па во ко­ја гра­деж­ниш­тво­то има по­раст, а не, пак, по­раст од 33 про­цен­ти ка­ко во Ма­ке­до­ни­ја. Тоа не е слу­чај­но. Тоа е ре­зул­тат на из­бо­рот на оваа Вла­да, ко­ја форси­ра ка­пи­тал­ни ин­ве­сти­ции од бу­џе­тот во си­те сфе­ри. Тие соз­да­ва­ат ра­бо­та не са­мо за гра­деж­ни­те ком­па­нии, ту­ку и за сто­ти­ци ма­ли фир­ми, кои се по­диз­ве­ду­ва­чи. Со тоа се спа­си­ја ил­јад­ни­ци ра­бот­ни ме­ста, се обез­бе­ди пла­та за ра­бот­ни­ци­те во ва­кви те­шки вре­ми­ња“, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.