„Кралот на Пингвините“ од вторник до петок на репертоарот на Центарот за култура

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид од (вторник) 24-ти до (петок) 27-ти септември, ќе го прикажува анимираниот филм „Кралот на Пингвините“ наменет за најмладите, почеток 20:00 часот, влез 100 денари.

Инфо приказната го следи патувањето на Кралот на пингвините назад кон родното место, Градот на Пингвините. Едно од најнаселените и најбараните места за живеење во западната хемисфера, тој мора да го пронајде својот животен сопатник и да се избори за своето место под сонцето. Неговата приказна е неретко комична, понекогаш трагична, но и крајно триумфална.