Христијан Кировски го постигна неговиот прв гол за ЦСКА Софија

Во натпревар од 10 коло од Бугарската А Лига, играа тимот на Љубимец против ЦСКА Софија. Гостите ја оправдаа улогата на фаворит во овој натпревар и успеаа да победат со 0:3. 

Христијан Кировски влезе во игра во првото полувреме во 31 минута, при резултат 0:1 за неговиот тим, а во 65 минута успеа да постигне гол за ЦСКА Софија и го постави конечниот резултат 0:3.

Кировски го постигна својот прв гол за ЦСКА Софија. По 10 одиграни кола во Бугарија, ова беше негов 5-ти настап за ЦСКА, на 2 натпревари беше стартер, додека пак на 3 влезе како замена.

WebOhrid