Се санира дефектот со електричната мрежа за осветлување на „Туристичка“ на влезот од Охрид

Надлежните служби на Општина Охрид, започнаа акција  на санирање на дефектот на електричната мрежа на влезот од Охрид и по должината на Булеварот „Туристичка“. По решавање на проблемот наредниве денови  на овој простор ќе бидат заменети сите прегорени учлични светла  со нови.