По втор пат во општина Охрид се собира отпадно масло

Во рамки на Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата, денес напладне на Полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“, Секторот за урбанизам и животна средина при Општина Охрид, ја започна акцијата за собирање  на  отпадното масло од домаќинствата.    

Акцијата  прв пат се спроведе лани, а надлежните очекуваат поголем одзив годинава.

Проектот на Секторот за урбанизам  е во соработка со фирмата „СУНИЛЕС“ која има дозвола за собирање на отпадното масло добиена од МЖСПП.

Општина Охрид е прва општина во Република Македонија која го спроведува овој проект.

OtpadnoMaslo2 OtpadnoMaslo1 OtpadnoMaslo3