Акција „Отворено со Управата за имотно правни работи“

Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи во текот на месеците март, април и мај 2014 година ќе ја спроведе повторно акцијата „Отворено со Управата за имотно правни работи“.

„На овој начин сакаме да Ви излеземе во пресрет преку непосредна комуникација со нашите стручни тимови, да добиете стручна помош за решавање на Вашите проблеми од имотно правен карактер.“– велат од Министерството за финансии.

Акцијата ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата за имотно правни работи ширум Македонија од 10:00 дo 18:00 часот согласно следниот распоред:

26.03.2014: Валандово;

27.03.2014: Велес;

28.03.2014: Гевгелија;

31.03.2014: Гостивар;

01.04.2014: Дебар;

02.04.2014: Карпош;

03.04.2014: Битола и Демир Хисар;

04.04.2014: Струмица;

07.04.2014: Центар;

08.04.2014: Кочани и Виница;

09.04.2014: Кратово и Пробиштип;

10.04.2014: Крива Паланка;

11.04.2014: Крушево;

14.04.2014: Куманово;

15.04.2014: Кичево и Македонски Брод;

16.04.2014: Неготино;

17.04.2014: Охрид;

22.04.2014: Прилеп;
23.04.2014: Чаир;

24.04.2014: Радовиш;

25.04.2014: Ресен;

28.04.2014: Свети Николе;

29.04.2014: Струга;

30.04.2014: Кавадарци;

02.05.2014: Тетово;

05.05.2014: Штип;

06.05.2014: Гази Баба.