IN MEMORIAM – Проф. д-р Миладин Крстаноски

Доцна синоќа по кратко боледување во својот дом, на 66 години, почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор. Дипломира на универзитет „Св.Кирил и Медодиј“ Правен факултет – Скопје во 1975 година и се стекнува со звањето дипломиран правник. 1980 година го положил Правосудниот испит. Постдипломски студии: магистрира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Правен факултет – Скопје на Катедрата за кривично право и криминологија и се стекнува со звање магистер по правни науки;  Докторската дисертација во кривичното право и криминологила ја брани на Правниот факултет во Скопје при Универзитет „Св.Кирил и Медодиј“ и се стекнува со звање доктор по правни науки.

Проф. д-р Миладин Крстаноски беше добитник на Климентова награда – награда за животно дело во 2008 година. Тој во досегашниот работен век работел во „Отекс“ Охрид, бил секретар во печатница „Коста Абрашевиќ“ – Охрид, директор на општ сектор во фабриката „Борис Кидрич“ – Струга, секретар на ГП „Трудбеник“ – Охрид, претседател на Судот за прекршоци – Охрид, Општествен правобранител на самоуправувањето – Охрид и директор на Казнено-поправната установа – Затвор Охрид. Во 1995 година е избран за професор на Факултет за туризам и угостителство – Охрид по група на правни предмети на сите насоки каде работеше со звање редовен професор.

Во истото звање предава и на други државни факултети во Р.Македонија и во странство. Во својот плоден работен век проф. д-р Миладин Крстаноски вршел и други општествено-политички и стручни функции како претседател на Социјалистички сојуз на општина Охрид, претседател на здружението на пенолозите на Р.Македонија, претседател на културно-просветна заедница-Охрид, член на Комисијата за условен отпуст при Министерството за правда на Р.Македонија, бил член на други комисии за изработка на позитивно-правни прописи од областа на кривичното право и извршувањето на кривичните санкции и друго.

Проф. д-р Миладин Крстаноски е автор на 50 книги од областа на правото и повеќе од 100 научни и стручни трудови објавени во Р.Македонија и странство.

Крстаноски досега објавувал и повеќе статии во „Млад борец“, „Студенски збор“, „Нова Македонија“, „Дневник“, „Пулс“, „Фокус“ и др.

Посмртните останки на проф. д-р. Миладин Крстаноски ќе бидат исложени во недела на 27-ми април во капелата во Охрид од 12:00 до 13:00 часот.