Одреден списокот на играчи од Првата лига за контролниот натпревар на 29-ти април

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски во консултација и соработка со Драган Бочески и Ќатип Османи, двајцата тренери кои ќе ги предводат тимовите на контролниот натпревар меѓу двете селекции составени од играчи од Првата лига го одредија списокот на фудбалери за пресметката на 29 април во 16:00 часот на централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“. На собирот на 28 април во хотелот „Гранд Плаза“ треба да се јават 34 фудбалери.

ГОЛМАНИ: Марко Јовановски (Шкендија), Андреја Ефремов (Металург), Игор Алексовски (Македонија ЃП), Даниел Божиновски (Брегалница).

ОДБРАНА: Владица Брдаровски (Пелистер), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Горан Силјановски (Работнички), Меџит Незири (Ренова), Џелил Абдула (Еуромилк), Ардијан Цуцули (Шкендија), Ѓоко Зајков (Работнички), Седат Бериша (Металург), Христијан Драгарски (Пелистер), Дино Најдоски (Работнички), Ненад Мишкоски (Ренова), Куштрим Балажи (Напредок).

СРЕДЕН РЕД: Ристе Маркоски (Брегалница), Мухамед Усеини (Шкендија), Бесмир Бојку (Македонија ЃП), Дарко Велкоски (Работнички), Александар Анастасов (Пелистер), Марјан Радески (Металург), Иван Митров (Брегалница), Љутфи Биљали (Гостивар), Љавдрим Скендери (Ренова), Благоја Љамчевски (Металург), Филип Петров (Вардар).

НАПАД: Баже Илијоски (Работнички), Тауљан Сулејманов (Работнички), Кире Маркоски (Работнички), Даниел Аврамовски (Македонија ЃП), Музафер Ејупи (Хоризонт Т.), Марко Симоновски (Металург), Ештреф Дехари (Гостивар).