Вардар го победи Фленсбург, но недоволно за пласман понатаму

Иако Вардар победи со 27:25, тоа не беше доволно за пласман понатаму на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн. Фленсбург постигна повеќе голови во гости отколку што Вардар постигна на првиот дуел.

И покрај слабиот старт на Вардар во првото полувреме, а особено на полувремето кога Фленсбург замина со 5 голови предност со резултат 10:15, нашите успеаа да се вратат во игра во второто полувреме и да изедначат на 19:19. Потоа следуваше целосна доминација на нашите ракометари и жестока битка до самиот крај во која Вардар беше на чекор до финалниот турнир во Келн. Но, досудениот седмерец за Фленсбург во последните моменти од натпреварот беше одлучувачки за патникот во фајнл-форот. На крајот Вардар победи со 27:25, но Фленсбург оди понатака поради повеќе постигнати голови во гости.

WebOhrid