Охриѓани најдобри на регионалниот „Детски Семафор“

Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во саботата, на 10.05.2014 година, во Охрид се одржа регионалниот натпревар „ Детски семафор“. Покрај домашната, на натпреварот учествуваа и екипи од Струга, Дебар и Кичево.

Detski_semafor_maj_4852

Севкупен победник на Регионалниот натпревар „ Детски семафор“ беше екипата од Охрид, која ќе го претставува регионот на државниот натпревар, кој на 17.05.2014 година ќе се одржи во Скопје. Второто место го освои екипата од Кичево, третото екипата од Дебар, а последното четврто место го освои екипата од Струга.
Detski_semafor_maj_4854 (1)
Во поединечна конкуренција за женски натпреварувачки првото место го освои Марија Јолеска од Охрид, второто Каролина Ѓореска од Охрид, а третото Албина Салиу од Кичево. Во машка  конкуренција  првото место го освои Бојан Илиоски од Охрид, второто Адем Асани од Кичево, а третото место му припадна на Мартин Силјаноски од Охрид.
 
Победничките екипи добија пехари во трајна сопственост, натпреварувачите во поединечна конкуренција добија дипломи, а останатите учесници добија признанија за учество на натпреварот.