Во Охрид ќе се имплементира концептот за ресторативна правда

Претставници на  Центарот за развој на локалната демократија  и  менаџерот на проектот „Поддршка на имплементацијата на концептот за ресторативна правда“ Гри Акре Телум, денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ангел Јанев. Гостите, информираа дека овој пилот проект, финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка, а во соработка со Министерството за правда на Република Македонија, успешно е реализиран во општина Тетово. 

На средбата беше речено дека Норвешкото министерство за надворешни работи, во соработка со нивната национална служба за медијација, одлучило проектот за ресторативна правда (специфичен  вид на медијација) да продолжи во Охрид. Предлогот е прифатен од надлежните македонски државни органи и се очекува за кусо време да биде потпишан Протокол за соработка и реализација на проектот.