Нов закон во Боливија, децата ќе можат да работат на 10 години

Боливискиот конгрес усвои предлог закони според кои децата ќе можат да работат на 10 години, под услов тоа да не го нарушува нивното образование и така ќе му помагаат на семејството да преживее.

Со овој закон Боливија стана првата земја во светот која ќе им дозволи на децата да работата на таа возраст.

Законот е загрижувачки затоа што Боливија е потписничка на повелбата на ОН според која најниска старосна граница за работа на децата е на 14 години, пренесува АП.

Извор: Нет Прес