ЕКО-ТЕАМ собира податоци за состојбата на канализациониот систем во Охрид и Струга

Согласно договорот меѓу Република Македонија и Јапонија преку JIKA во Охрид и Струга престојува јапонски тим од експерти кој ќе работи на истражување и изработка на физибилити студијата за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро во делот кој спаѓа на територијата на Република Македонија.

За таа цел, како што велат за WebOhrid од ЈП „Нискоградба“ Охрид веќе се договорени целите и динамиката на работа со Министерството за финансии и со Министерството за животна средина и просторно планирање.

„За потребите на изработка на физибилити студијата на територијата на Општина Охрид и Струга се врши собирање на податоци за состојбата на канализациониот систем и тоа за состојбата на колекторскиот систем и фекалната канализација во регионов.“– велат од ЈП „Нискоградба“ Охрид.

EkoTeam02

EKO-TEAM е избрана фирма која врши собирање на податоци за состојбата на канализационата мрежа преку современа механизација и опрема со која се чисти одредена делница од мрежата и со камера се снима состојбата на истата.

„Досега се извршени активности на улиците: „Марко Нестороски“, „Прилепска“, „Никола Карев“, а во понатамошната динамика ќе се собирааат податоци од улиците „Партизанска“, Бул. Туристичка – АСНОМ (кај кружниот тек), „Даме Груев“, „Абас Емин“, „Ариф Мустафа“, „Бистрица“, „Македонски Просветители“ и неколку други делници од фекалната канализација на Охрид. Сите активности се во координација со стручните служби на ЈП „НИСКОГРАДБА“ – Охрид.“-  информираат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека, покрај тоа за потребите на физибилити студијата ќе се врши и мерење на протокот на канализацијата на одредени делници од колекторот и секундарната канализација како и квалитетот на фекалната вода. После собирањето и обработката на податоците се очекува Физибилити студијата да биде изготвена како нацрт во декември и како финална верзија во март 2015 година по што би започнала имплементацијата на приоритетните активности.

EkoTeam03

WebOhrid