Се гради канализациона линија на ул. „Охридска бригада“

ЈП „Нискоградба“ деновиве работи на канализациона линија на улицата „Охридска бригада“ Се поставуваат цефки за одведување на отпадни води и приклучни шахти. Со овие активности Јавното претпријатие „Нискоградба“ продолжува со реализирање на програмата и континуирано ги решава проблемите на граѓаните во градот и населените места.

повеќе...

Се поставува атмосферска канализација на патеката од каналот Студенчишта до Парк

Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со градежни активности за поставување на атмосферска канализација на пешачката патека која се протега од каналот Студенчишта до хотел Парк. Се поставуваат цефки и сливници за одведување на атмосферски води во должина од 350 метри со пречник од Ф 200 мм. После завршувањето на оваа фаза, промендата ќе го добие својот конечен лик. Вкупната должина на пешачката патека ќе биде 1 300 метри. Паралелно со овие активности, се одвиваат и градежните активности за изградба на уште две пешачки патеки. Првата е пешачката патека покрај каналот Студенчишта.…

повеќе...

Се поставува атмосферска канализација на пешачката патека до Горица

Јавното претпријатие „Нискоградба“, продолжува со изведување градежни активности од третата фаза на пешачката патека од Студенчишта до Горица. Се поставуваат цефки за одведуање на атмосферски води со пречник од Ф- 200 мм. Во досегашните активности од третата фаза се поставени околу 500 метри атмосферска канализација комплет со сливници, а до завршување на оваа фаза остануваат за комплетирање уште 300 метри атмосферски одвод.

повеќе...

Во тек е изградбата на фекалната канализација во Горенци

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на селото Горенци каде се одвиваат градежни активности околу изградбата на новата фекална канализација. Досега поставени се 5.3 км полиетиленски цевки и бетонирани 157 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Од увидот на лице место се оцени дека иведбата на градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот. Градоначалниот Трајкоски истакна дека покрај тоа што се реализираат ветените проекти од Програмата за локални избори 2013, секогаш ќе…

повеќе...

Прикрај изградбата на атмосферската канализација во Ботун

Пред сам крај е изградбата на атмосферската канализација за улицата во Ботун, каде Градоначалникот Игор Трајкоски изврши увид на лице место врз градежните активности. Градоначалникот истакна дека, оваа улица, особено при обилни врнежи им причинува проблем на населението, кои минуваат оттука, оттука и потребата од канализирање на атмосферските води. Атмосферската канализација е изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри и истата е дел од проектот за реконструкција на улица во с. Ботун со должина од 1 км. Во наредниот период…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Кој одобри да се копа по заштитниот насип од каналот на река Сатеска?

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Според Проектот за изградба на фекалната канализација која треба да го поврзе селото Мешеишта со Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, која е во тек и кој се финансира со средствата од заемот од Светска банка трасата на канализационата мрежа требаше да поминува во самото подножје на заштитниот насип од регулираниот канал на реката Сатеска. Од приклучокот во колекторот се до пред селото Требеништа се копаше според проектот, во подножјето на насипот, а во понатамошната делница од…

повеќе...

Привршува изградбата на атмосферската канализација во Воска

Во рамки на проектите финасирани од Светска банка чија изведба е во завршна фаза, вчера изведувачот АД „Илинден“ започна со изградба на испусната градба на атмосферската канализација во Воска. Со изградбата на овој објект се комплетираат работите предвидени со проектот за изградба на атмосферска канализација во населбата Воска. Кон овој објект гравитациски се сливаат водите од новоизградената мрежа на атмосферска канализација во населбата Воска која беше изградена на улиците „Сатеска“, „Мича Гилиќ“ и „Трајче Трајчески“. Испусната градба ќе обезбеди акумулирање на атмосферските води, стабилизација на токот, нивно таложење и сепарација,…

повеќе...

Се чисти канализационата и атмосферската мрежа на ул.„15-ти Корпус“

Одделението за одржување на канализационата и атмосферската мрежа при Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска врши чистење на сливници, шахти и цевоводи долж улицата „15 Корпус“. Јавното претпријатие продолжува континуирано да ги извршува своите активности и решавање на проблемите на граѓаните во градот и околината.

повеќе...

Во Велгошти се проширува канализационата мрежа

Екипа на Јавното претпријатие „Нискоградба“ изведува градежна активност во село Велгошти, изведба на улична канализациона мрежа. Со овој зафат приклучок во канализационата мрежа ќе добијат неколку семејства со што трајно се решава проблемот на одведување на отпадните води, кое пак од друга страна придонесува за зачувување на здрава животна средина. Одговорните во Нискоградба остануваат на заложбата да секаде каде што има минимални услови се прават напори за приклучување во канализационата мрежа.

повеќе...

Железарија „Мајсторче“

Железаријата „Мајсторче“ се наоѓа на улица „Питу Гули“ бр.194 во Охрид. Железаријата нуди најквалитетна опрема, професионални машини и алати, опрема за санитарија, водовод, ХТЗ опрема, електрика, бои и лакови, мебел за бањи, туш кабини, вентили, батерии, градинарски славини… Ве очекуваме! За повеќе информации можете да се обратите на: телефон 046/ 611 223 email: sibmile@yahoo.com www.facebook.com/Железарија-Мајсторче

повеќе...