Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второ тримесечје од 2014 година, во однос на второто тримесечје од 2013 година, е намалено за 20.4%.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни и иглолисни видови, другото обло дрво од листопадни и иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни и иглолисни видови.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисните видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци.