Големи успеси на нашата македонска пливачка Анатасија Богдановски во САД

Американците ѝ се восхитуваат: „Анастасија (Велика) од Македон“!

Најдобрата македонска пливачка Анастасија Богдановски доби многу комплименти од специјализираната веб-страница за пливање „Свимсвам“ во текстот со наслов „Анастасија од Македон“ за изминатата мошне успешна сезона, во која таа освои две НЦАА-титули – на 50 и 200 слободно, како и уште четири титули со штафетата на нејзиниот Универзитет Џон Хопкинс. Поради овие успеси беше прогласена за пливачка на годината на НЦАА-студентското национално првенство на САД. Доби уште две слични студентски признанија за пливачка на годината.

Авторот на текстот, Хана Салц, ја раскажува приказната како Ана станала македонска репрезентативка и ја пренесува и нејзината изјава: „Сакав капа со македонско знаме на неа“.

Нејзина наредна цел се Олимписките игри. Иако на пливачите им следува вајлд-карта, таа сака да оствари норма за Рио 2016. Во овој обид нема да биде осамена, туку го споделува со репрезентативниот колега Марко Блажевски, кој дипломираше на Вингејт, вели авторката на текстот.

Таа додава дека има намера да студира спортска медицина или ортопедија и дека тренира со во клубот Норт Балтимор. „Супер е. Во толку голем клуб, со толку многу брзи луѓе секогаш има некого кого се обидуваш да го достигнеш,“ додава Ана, која постави и пет државни рекорди на Македонија на митингот во Мериленд – на 50, 100 и 200 слободно и 50 и 100 метри грбно. Со резултатите на 100 и 200 слободно оствари норма и за Светското првенство во Казан, Русија, наредната година.

Нејзина наредна цел се Олимписките игри. Иако на пливачите им следува вајлд-карта, таа сака да оствари норма за Рио 2016. Во овој обид нема да биде осамена, туку го споделува со репрезентативниот колега Марко Блажевски, кој дипломираше на Вингејт, вели авторката на текстот.

 „Јас и тој секогаш се трудиме да се стимулираме да бидеме подобри. Иако сме најдобри во својата земја во моментов, секогаш се трудиме да бидеме подобри,“ вели Ана, која ќе го предводи својот студентски тим и наредната сезона, поради што новинарката Хана Салз ја нарекува Анастасија Велика на Џон Хопкинс Универзитетот.