Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2014 година, во однос на четвртото тримесечје од 2013 година, е зголемено за 8.9%.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни и листопадни видови, огревното дрво од иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепеници, дрвени мотки и колци.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови и кај рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови.