Бројни награди на учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на државниот натпревар во Прилеп

Учениците на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се вратија со бројни награди од Државниот натпревар на средните електротехнички, машински и сообраќајни училишта во Република Македонија кој се одржа на 9-ти мај во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп.

Ученичката Стефани Божиновска, техничар за патен сообраќај III година, го освои првото место за научен труд, под менторство на професорот Милески Ѓоко. Во истиот образовен профил ученичката Тамара Шикалоска го освои второто место.

Ученикот Димитар Плеушкоски, електротехничар енергетичар III година, го освои второто место, под менторство на професорот Владо Јанкулоски.

Ученикот Орхан Демироски, електротехничар за електроника и телекомуникации III година, го освои второто место, под менторство на професорката Билјана Ристоска.

Ученикот Игор Домазетоски, електротехничар за компјутерска техника и автоматика III година, го освои третото место, под менторство на професорката Сања Јованоска.

Учениците Филип Ѓорѓиески, Петар Стојан и Јовче Китески од машинската струка, добија пофалници, под менторство на професорот Владо Суклоски.

На натпреварот учествуваа 136 ученици од дваесет и девет средни стручни училишта во Македонија.