Зголемен бројот на паркиралишта и гаражи во 2014

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање, изнесува 235 со површина од 640 293 m2.

Според обработените податоци, 18 809 места за паркирање се на отворен простор, 3 404 места за паркирање има во покриените гаражи , додека во катните гаражи има 3 593 места за паркирање.Во споредба со 2013 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 20.5%.

Во истиот период, бројот на местата за паркирање е зголемен за 30,8%, во покриените гаражи зголемувањето изнесува 33.9%, додека во катните гаражи, бројот на местата за паркирње е зголемен за 4.5%.

Бројот на местата за паркирање на отворен простор на лицата со посебни потреби во 2014 година, изнесува 384, во покриените гаражи 73, додека бројот на местата за паркирање во катните гаражи изнесува 33.

Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Македонија и паркиралиштата на општините.