Најдобрите македонски спортисти ќе настапат на првите Европски игри

Во периодот од 12-ти до 28-ми јуни во Баку, Азербејџан ќе се одржат првите Европски игри (ЕИ), на кои ќе настапат и најдобрите македонски спортисти.

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Националните спортски федерации и на нивен предлог, а согласно правилата на ЕИ БАКУ 2015, ги пријави следните спортисти во следните спортови:

САМБО

Бајро Машовиќ

(за Баку ќе отпатува на 18 јуни, се враќа на 24 јуни)

КАЈАК

Констатин Дејкоски

(за Баку ќе отпатува на 9 јуни, се враќа на 17 јуни)

ГИМНАСТИКА

Иван Крстевски

(за Баку ќе отпатува на 11 јуни, се враќа на 22 јуни)

АТЛЕТИКА

Ристе Пандев

Кристиан Ефремов

Александар Стојановски

Илија Пајмакоски

Кокан Ајановски

Милош Ранчиќ

Александар Таневски

Јованче Јанковски

Славчо Мирчевски

Марјан Нојковски

Стефан Стефаноски

Дејан Ангеловски

Далибор Спасовски

Славе Коевски

Сашо Голубиќ

Валбона Селими

Дрита Исљами

Ангела Секулоска

Мери Јанкова

Андријана Поп Арсова

Марија Стојановска

Ивона Димитриеска

Ирена Темова

Мартина Мироска

Јулијана Велјаноска

Матеја Ефремовска

Кристина Јосифовска

Фросина Ристеска

Сермедие Љатифова

Вера Урдаревска

(за Баку ќе отпатуват на 16 јуни, се враќат на 24 јуни)

БОРЕЊЕ

Дејан Митров

Јасин Реџалари

Халил Зубаиров

Тимур Хамикоев

Бобан Данов

(за Баку ќе отпатуват на 9 јуни, се враќат на 20 јуни)

ЏУДО

Катерина Николоска
(за Баку ќе отпатува на 23 јуни, се враќа на 30 јуни)

ПЛИВАЊЕ

Љупчо Ангеловски

Ана Марија Дамјановска

Јана Серафимовска

(за Баку ќе отпатуват на 18 јуни, се враќат на 28 јуни)

КАРАТЕ

Емил Павлов

Мартин Несторовски

(за Баку ќе отпатуват на 9 јуни, се враќат на 15 јуни)

СТРЕЛАШТВО

Нина Балабан

(за Баку ќе отпатува на 11 јуни, се враќа на 24 јуни)

Македонскиот олимписки комитет, исклучиво со сопствени ресурси, за сите спортисти обезбеди финансиски средства за спортска опрема, подготовки и учество на игрите, силно верувајќи дека на првите Европски игри, кои во многу спортови се и квалификациони за обезбедување на норма за учество на ЛОИ РИО 2016, македонските спортисти ќе постигнат забележителни резултати.

Прилог: Календар на натпревари на ЕИ БАКУ 2015

(Линк: http://www.baku2015.com/schedules-results/index.hml)