Велосипедско дефиле за подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид активно се вклучи во Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што со низа манифестации се реализира секоја година. Кампањата е во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“.

Целта на оваа кампања е промоција на велосипедизмот, подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај, подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите како ранлива категорија учесници во сообраќајот.

Денес се одржа велосипедско дефиле во кое учествуваа велосипедските клубови од Охрид, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, велосипедисти од школските центри како и граѓани-вљубеници во велосипедизмот.