Одбележани 114 години од формирањето на првата охридска чета во Велгошти

Во селото Велгошти во манастирот „Св. Петка“ се одржа чествување по повод 114 години од формирањето на првата охридска чета. По тој повод свежо цвеќе положија претставници на МК на ВМРО–ДПМНЕ – Велгошти и Месната заедница на с. Велгошти. И оваа година Локалната самоуправа не покажа интерес за организирање на овој настан.

Свое обраќање имаше и претседателот на Месната заедница Јоне Арнаудоски.

„Ние како Велгоштани и понатака ќе продолжиме да го негуваме чествувањето на овој настан.“– истакна Арнаудоски.

Инаку на формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, мајката на Христо Узунов, Наум Цветанов, Андреј Христов и други видни членови на организацијата, при што за војвода е избран Никола Русински, а негов заменик Ристо поп Трпески од село Велгошти.