Како резултат на интензивните контакти со граѓаните, како и координацијата со локалнатасамоуправа, Министерството за економија и Пазарниот инспекторат, се дојде до зaклучок дека еден од најпрепознатливите белези на Охридското езеро како и на останатите две природни езера во Македонија, водениот превоз од мал обем со чамци тн. кајчиња не е соодветно законски регулиран. Заради ова оние кои вршат превоз се соочуваат со сериозни проблеми при вршењето на таа дејност. Со цел да се надмине оваа состојба, а и да се задржи и унапреди оваа туристичка понуда пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски изработија измени на Законот за туристичка дејност кој Собранието на Република Македонија ги усвои на 07.07.2015 по скратена постапка со цел уште оваа летна сезона да им се излезе во пресрет на тн. „кајчари“ кои вршат воден превоз од мал обем.
Имено, станува збор за регулирање на долгата традиција која ја збогатува туристичката понуда во екот на летниот период, а тоа е разглед на градовите, населените места и туристичките населби што гравитираат кон езерата со чамец. Превозот на туристи ќе има за цел разгледување на природните убавини, давање објаснување на природните убавини и други услуги со кои не се нанесува штета на водената површина на начин утврден со посебен закон.
Целта на предложените измени е да во овој закон се предвиди можност да се регулира давањето на услужна дејност поврзана со водениот превоз кои се реализира со пловен објект со јачина на мотор до 20 коњски сили и вклучува превоз на максимум 12 лица, која што дејност допринесува и за развој на туризмот во Република Македонија и можност за егзистенција на голем број на семејства кои живеат од оваа дејност. Одсега согласно законските измени оваа дејност ќе можат да ја вршат и фиизички лица без да треба да имаат регистрирано посебна фирма. Потребно е само да се пријават во соодветната Општина и во Управата за јавни приходи како би добиле лиценца за воден превоз од мал обем како физички лица. Со овие законски измени целосно се решава проблемот на тн. „кајчари“ и законски се регулира превозот на патници со кајчиња.
Пратениците Николоски и Василевски и понатаму се отворени за сите полезни идеи и иницијативи за измени на законската регулатива доколку истите се во корист на граѓаните кои ги претставуваат и во корист на унапредување на владеењето на правото и економската благосостојба.