Во август зголемена просечната бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2015 година, во однос на август 2014 година, изнесува 103.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (12.0%), Други услужни дејности (7.7%) и Стручни, научни и технички дејности (7.7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.6%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.8%) и Информации и комуникации (3.6%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2015 изнесува 32 164 денари. Во август 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.