Градоначалникот Бакрачески на увид на градежните активности на ул. „Сирма Војвода“

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска беше на увид на улица „Сирма Војвода“ каде во тек се подготвителни активности за асфалтирање на крак во должина од 250 метри и ширина 6 метри .

Реконструкцијата и асфалтирањето на оваа улица се ветување на градоначалникот Бакрачески по средбата со жителите од овој дел на Охрид. Денеска мештаните задоволни му приоѓаа на градоначалникот и упатуваа благодарност што тој е првиот градоначалник досега кој им одговорил на нивните барања.

Со асфалтирањето на кракот од ул.„Сирма Војвода“ се решава еден сериозен проблем на граѓаните коишто живеат во таканаречениот Болнички комплекс а кои децении наназад во лето и зима минуваа низ прашлив или каллив пат за да стигнат до своите домови.

Во текот на измината календарска година на овој потег од градот РЕ Водовод Охрид работеше на поставување на нова водоводна линија за жителите што живеат на овој дел од градот.

По завршувањето на оваа делница,во рамките на акцијата за асфалтирање на пристапни патишта се планира реконструкција и асфалтирање на крак од ул.„Партизанска“ во непосредна близина на Студентскиот дом и реконструкција на пристапен пат во населба Охридати-позади хотелите „Милениум“,„Лебед“, и „Гарден“.