Одржан традиционалниот ноемвриски крос во Дебрца

По повод одбележувањето на Патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“, денес пред општинската зграда во село Белчишта се одржа традиционалниот 11-то ноемвриски атлетски крос, на кој учествуваа 140 ученици.

Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски најдобрите ги закити со медали, а директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски им врачи благодарници.

Победниците на кросот се:

Машка конкуренција одделенска:

1.Ненад Левески

2.Никола Секулоски

3.Никола Лошкоски

Женска конкуренција одделенска:

1.Марија Милошеска

2.Тамара Трајческа

3.Мартина Чолеска

Машка конкуренција предметна;

1.Даниел Цветаноски

2.Климент Митоски

3.Антонио Војдиновски

Како што велат, од општината, голем придонес во организацијата на овој крос дале наставниците по ФЗО Љупчо Ѓуроски и Дивна Бутеска .