Непознати лица се обиделе да ограбат менувачница во Охрид

Вчера во 18.10 часот во Охрид, во Трговскиот Центар Амам, лоциран на ул. „Македонски Просветители“ поточно во менувачница „Васко М“, две непознати лица влегле внатре и едно од нив со рака ја удрил сопственичката Н.М., по што откако истата викнала, дошол нејзиниот сопруг, а лицата побегнале не одземајќи ништо од менувачницата.

СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите.