Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”. На 12.04.2017 година, во Охрид при претрес во домот на пријавениот, пронајдени се најлонска паковка со 1,23 грама марихуана и најлонска паковка со 5,17 грама хероин.
повеќе...Tag: свр
Кривична за лицето кое со нож се обиде да нападне вработен во аптека во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(52) од прилепското село Ново Лагово. Тој, казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09 часот и 15 минути пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи. Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот…
повеќе...Охриѓанка фалсификувала банкноти од 1000 денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсикикување на пари“. Пријавената на 01.08. и на 02.08. годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец поради бесправна сеча на огревно дрво
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“, „кражба“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Охрид. Пријавениот, во текот на август оваа година, во атарот на охридските села Плаќе и Речица, со моторна пила неовластено извршил бесправна сеча, односно без одобрение за сеча соборил 4 метри просторни буково огревно дрво кое, на повеќе наврати го натоварил во патничко моторно возило „Застава 101-скала 55“ и го пренесол во својот дом на улицата ,,Абас Емин” во Охрид. При транспортот, пријавениот бил забележан од…
повеќе...Двајца охриѓани повредени на патот Рача-Охрид откако се превртела машина за сечење на дрва
Вчера во 13:45 часот на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот Р.Р. (49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
повеќе...18 годишно момче од Косел заработи кривична пријава поради предизвикување општа опасност
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од с.Косел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.10.2017 година во 01:00 и во 02:40 часот на улица ,,Ванчо Николески“, Х.Б. со камења ги скршил прозорците од дневната соба во станот на В.Г. (61). Потоа, додека полициски службеници од СВР Охрид вршеле увид во станот, фрлил запалива материја на влезната врата од станот од која се запалил дел од вратата.
повеќе...Кривична пријава за стружанец кој упатувал закани кон полициски службеник
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н. (40) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија. На 10.10.2017 година на ул. ,,15-Корпус“ во Струга, полициски службеник го предупредил М.Н. да го тргне погрешно паркираното возило, по што тој му упатил навреди и сериозни закани по животот. После тоа влегол во возилото и се одалечил од местото на настанот.
повеќе...Двајца работници повредени при изведување градежни работи на автопатот Кичево-Охрид
Вчера околу 12:30 часот, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано „Лавчани“, работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух. Тие биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош. Кај лицето М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на…
повеќе...Кривична за жители од Горенци и Требеништа кај кои е пронајдено нелегално оружје
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(36) од охридското село Горенци како и против Н.С.(54) од селото Требеништа. На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал…
повеќе...Тешко повреден жител од Мешеишта кој со автомобил удрил во ограда
Вчера во 14:30 часот во с.Мешеишта-Охрид, на локалниот пат во центарот на селото, возило „Лада 110“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.К.(53) од с.Мешеишта, удрило во ограда од објектот на селското бифе. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо од каде е препратен во Клинички центар Скопје на клиниката за Трауматологија. Увид извршила екипа од Полициска станица -Охрид.
повеќе...