Бруто плата 2016 – најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2016 година изнесува 32.268 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2016 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2016 година изнесува 16.134,00 денари (50% од 32.268)

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за примањата од работен однос изнесува 387.216,00 денари (12 x 32.268)

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за самовработено лице изнесува 258.144,00 денари (8 x 32.268)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2016 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.