Состанок на шефовите на полициите и шефовите на граничните полициски служби на земјите долж западно балканската мигрантска рута

Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Горанче Савовски денес во Белград учествува на состанокот на шефовите на полициите и шефовите на граничните полициски служби на земјите долж западно балканската мигрантска рута (Грција, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Албанија), како и земји членки на ЕУ (Австрија, Германија, Холандија, Унгарија и Бугарија).

Главна тема на разговор на состанокот ќе биде актуелната мигрантска криза, анализа на досегашните состојби, особено во контекст на реализација на претходно договорените заеднички активности како и натамошни мерки и активности за справување со истата.

Директорот Савовски во своето обраќање потенцираше дека е потребно едно сеопфатно европско решение за мигрантската криза со заедничко учество и активности на сите земји засегнати од истата.

„Она што е особено значајно за Република Македонија е учеството на грчката полиција како и Фронтекс во заедничкото справување со мигрантската криза“– истакна директорот Горанче Савовски.

На маргините на денешниот состанок директорот Савовски оствари и билатерална средба со својот австриски колега г-дин Конрад Коглер кој ја поздрави професионалноста на македонската полиција во досегашното справување со мигрантската криза, истакнувајќи дека Австрија и во иднина ќе продолжи со поддршката на Република Македонија.

Инаку состанокот во Белград на директори на полиција и шефови на гранични служби претставува продолжение на претходните состаноци кои се одржаа во Скопје и Загреб