Наумоски: 22 Март е голем еколошки ден, кога треба да им се посветиме на водените ресурси на Земјината Планета

Почитувани граѓани на Р. Македонија, почитувани припадници на политичките партии, независно од својата национална припадност, НВО-и, јавни државни или локални институции, органи и тела.

  • Деновиве сведоци сме на се поголеми политички меѓупартиски превирања во Р. Македонија.
  • Забораваме на еколошката одговорност што ја имаме за Земјата Планета.
  • Денес, 22 Март е голем еколошки ден, кога треба да му се посветиме на водените ресурси на Земјината Планета и водените ресурси во Р. Македонија.
  • Со одлука на ОН за првпат службено, 2011 год. е прогласена за меѓународна година за заштита на шумите во целиот свет.
  • Тоа е резултат што шумските зелени појаси имаат широк спектар на еколошка заштита врз Земјината Планета или одредена животна средина.
  • Тоа е одраз што климатските промени многу побргу можеме да ги почувствуваме ние граѓаните како припадници и жители на Земјината Планета.

За потсетување:

  • На Земјината Планета има 1,6 милијарди км3 водена површина.
  • Од неа 99,5% припаѓа на солената вода, односно морињата и големите океани. Само 0,5% припаѓа на слатката вода или вода за секојдневни употреби на граѓанинот од Земјината Планета.
  • Тоа е вода која се користи за потребите во аграрот, производствено-технолошките процеси и вода за потребите на хидроцентралите во процесот на производство на електрична енергија.
  • Сево ова укажува оти мораме со слатките водни ресурси одговорно да работиме при нивната употреба, а еколошки совесно да се понашаме спрема шумските зелени појаси.
  • Денес Европа и Светот од безбедносен и политички аспект се соочуваат со голем бегалски проблем
  • Со климатските промени од еколошки аспект ќе биде помасовен и крајната дестинација ќе биде Балканот, односно бившите ЈУ простори
  • Недостатокот на вода за пиење ќе биде најголемиот виновник за големите миграциони движења во целиот свет
  • Економски јаки и моќни држави во светот ќе бидат земјите кои располагаат со огромни количини слатки водени ресурси.

дипл. инж. агроном Лазо Наумоски,
независен екологист

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.