Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради настанат дефект на водоводна линија ф300мм на ул.„Кленоец“ и ф45омм на ул.„Јордан Мијалков“, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „Кленоец“, „Радојца Новичиќ“, „28-ми Април“ и „Српница“, како и во с.Г.Лакочереј и Лескоец. Прекинот ќе трае се до отсранување на дефектот.

повеќе...

Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен олимписки пливачки маратон

Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 км. Охрид 2017 кој во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ Охрид ќе се одржи утре во водите на Охридското езеро на потегот од Старото пристаниште до х. Милениум. На вечерашниот технички состанок претставници на организторот и претставниците на ФИНА ги запознаа пливачите, судиите и техничките лица со пропозициите за утрешната трка и ја истакнаа подготвеноста за старт на Олимпискиот Пливачки Маратон. 12 пливачи од 6 земји, 10 во машка и 2 во…

повеќе...

За прв пат во Охрид ќе се одржи Олимписки пливачки маратон

Клубот за спортови на вода „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008“ Охрид, го најавува одржувањето на, за прв пат во Македонија, Олимпискиот пливачки маратон на 10 км. „Охрид 2017“ кој ќе се реализира во сабота (12.08.2017) на Охридското езеро на водената површина помеѓу Старото пристаниште – х.Палас и х. Милениум. Стартот на трката предвидено е да биде во 12:00 часот, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу 14:00 часот кога ќе се доделат медали на победниците. За регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 км., како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии/делегати…

повеќе...

ЈП „Водовод“: Нелегалните приклучоци причина за недостатокот на вода

При вршење на контрола од страна на екипи на МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод„ Охрид, во околните села, констатирани се бројни нерегуларности и злоупотреби во поглед водоснабдувањето од страна на корисниците. Имено, на лице место е утврдено неовластено користење на вода од системот, манипулирани водомерни броила, нелегални приклучоци на мрежата и слично, што уште повеќе го отежнува квалитетот и обемот на водоснабдувањето во летни услови. „Им укажуваме на граѓаните дека ваквото противправно дејствување претставува основ за кривична и граѓанска одговорност, кое ги доведува во нерамноправна положба останатите корисници и за кое…

повеќе...

Стојаноски: Трајкоски и Бакрачески под итно да го решат проблемот со водоснабдувањето во Подмоље

Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиските калкулации на градоначалниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски. Ова денес го изјави координаторот на ОО на СДСМ Охрид, Јован Стојаноски. „Жителите на Подмоље веќе неколку години наназад секое лето се соочуваат со недостиг на вода, но и покрај тоа, тие покажале огромна хуманост со тоа што дозволиле и неколку околни места да се снабдуваат со…

повеќе...

Во среда ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, по 38-ми пат, на 02.08.2017 год. (среда), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2017. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 часот од плажата на хотелот Парк. Пристигнувањето…

повеќе...

Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...

WebOhrid Aquatic ве води во подводниот свет на Охридското Езеро

WebOhrid ве води во подводниот свет на Охридското Езеро. Ова лето, со WebOhrid Aquatic, ќе ви доловиме повеќе видеа, кои можете да ги погледнете на нашиот youtube канал: WebOhrid. Бидете дел од оваа летна шема 2017, само на WebOhrid! Следете не! Ваш WebOhrid

повеќе...

Спасен давеник кај Пештани

Вчера околу 14:00 часот во Охрид на плажа во Пештани, од водите на Охридското езеро со знаци на живот бил изваден К.К. (37) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Охрид од каде било добиено известување дека истиот се наоѓа во животна опасност. Поради сериозноста на здравствената состојба вчера К.К. бил пренесен од Охридската Општа Болница во „Карил“ при Клиничкиот центар “Мајка Тереза“.

повеќе...