Светски ден на метеорологијата

Светскиот ден на метеорологијата се одбележува секоја година на 23 март. Темата за оваа 2016 година е: „Пожешко, посуво и повлажно. Соочи се со иднината!“

Нашата клима се менува. Ова не е само идно сценарио, тоа се случува сега. Климата ќе продолжи да се менува во текот на следните децении. Секоја од минатите неколку децении е значително потопла од претходната. Периодот 2011-2015 година беше еден од најжешките во историјата, а 2015 беше најжешката година од започнувањето на модерните опсервации во доцните 1800-ти.

Но, зголемувањето на температурите кажуваат само дел од приказната. Климатските промени го нарушуваат и природниот модел на годишните времиња, а тоа се зголемувањето на фреквенцијата и интензитетот на одредени екстремни временски настани, како што се топлотни бранови, суши и обилни врнежи од дожд. Овие тековни промени претставуваат најава за потопла, посува и повлажна иднина.

Сеуште е можно да се минимизира штетата. Во декември 2015 владите од светот едногласно го усвоија Договорот од Париз за обезбедување на брзи и длабоки намалувања на емисиите на стакленички гасови. Овој историски договор ги обврзува сите земји да преземат напори за да одговорат итно на заканите од климатските промени врз основа на нивните „заеднички, но издиференцирани одговорности“.

Во меѓувреме, научните достигнувања прават се што е можно за да пронајдат повеќе корисни информации и услуги за поддршка на отпорноста на климата, адаптација и ублажување на климатските промени. Светската метеоролошка организација и глобалната мрежа на националните метеоролошки и хидролошки услуги имаат голема улога во обезбедување на научни опсервации, истражувања и оперативни услуги за климата кои ќе му бидат потребни на општеството за да се соочи во иднина.

WebOhrid