Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ се едуцираа за одлагањето на електронскиот отпад

Во ОУ „Св.Климент Охридски“ се потпиша меморандум за соработка со WEEE Creates possibilities, „Електричниот отпад создава можности“ од Скопје.

Целта на соработката е успешно спроведување на проектот во целото училиште. Собирање електричен отпад и и одржување на презентации за учениците од целото училиште.

Целта пак на презентациите е подигнувањето на свеста за негативните последици од несоодветното постапување со отпад од електична и електронска опрема.

Од WEEE Creates possibilities беше даден пластичен контејнер за одлагање отпад од електрична и електронска опрема од околу 5м3 и истиот е поставен на видно место во училиштето, односно во централниот училишен хол.