Светски ден на книгата и авторските права

23 април е симболичен датум за светската книжевност, бидејќи токму на 23 април 1616 почина Сервантес, но и Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. 23 април е исто така е датумот на раѓање или на умирање и на други угледни автори како Маурис Друон, К. Лакснес, Владимир Набоков, Јосеп Пла и Мануел Мехиа Валехо.

Одлуката да се одбележува овој ден како светски ден на книгата и авторските права е донесена на општата конференција на УНЕСКО, одржана во Париз 1995 година.

Книгата овозможува подобро запознавање на другите и на нивните мисли, всушност таа овозможува подобро осознавање на светот. Исто така, дава можност да се напредува, во секое животно доба, а особено  во младоста.

Tокму затоа УНЕСКО го одбра овој датум кога глобално се оддава почит на книгите и нивните автори, поттикнувајќи ги сите, а посебно младите луѓе, да го откријат задоволството во читањето и да се здобијат со возобновена почит кон неповторливите допринесувачи кон општествениот и културниот напредок на човештвото.

WebOhrid