Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Од денес, Основното училиште „Христо Узунов“- Охрид започна со прославување на својот патронен празник.  Годинава се одбележуваат 111 години од смртта на Христо Узунов.

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва беше отворена изложба од ликовни педагози и детски ликовни творби. Патронатот продолжи со пригодна свеченост. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Синџир алки од стихови ковани“.

Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

Во продолжение на прославата следуваше богата програма во изведба на учениците од ОУ „Христо Узунов“.

Свеченостите продолжуваат во недела со полагање на свежо цвеќе на бистата на Узунов во градскиот парк во 9:30 часот и одбележување кое ќе се случува на споменикот во с.Цер, Кичевско во 11:00 часот. Активностите завршуваат со спортски натпревари во понеделник, во ОУ „Христо Узунов“.

WebOhrid/А.Андриоски