Ристе Ристески си замина од „Ѕвездите на Гранд“

Момчето кое успеа да го освои сето внимание на дивата Јелена Карлеуша, но и да се избори пред сите препреки низ круговите во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески не успеа да се пласира во финалето и го напушти шоуто.

Имено, Македонија останува без свој претставник во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ откако и единствениот Македонец кој успеа да дотурка до крајот на шоуто не успеа да се пласира понатаму и го напушти шоуто. Ристески потпиша ексклузивен договор на 9 години со продукцијата „Гранд“ и стана бренд амбасадор на „Слим Лајн Клуб“ откако успеа да симне цели 13 килограми со најдобриот бренд за слабеење во регионот, но сега му останува малку време за да размисли дали ќе продолжи својата кариера да ја тера во најголемата српска продукција или сепак ќе премине во некоја од конкурентите.

„Јас сум задоволен од своите настапи во шоуто и сметам дека се претставив во вистинско светло. Морам да искажам огромна благодарност до сите што ме поддржуваа и ме бодреа да продолжам до крајот, секако благодарен сум им и на сите кои ме критикуваа и ми укажаа на некои грешки“, вели Ристе Ристески.

Сопственикот на продукцијата „Гранд“, Саша Поповиќ неодамна во својата емисија најави дека активно работат на создавање на нова продукција која ќе го носи името „Поп Мјузик“ и ќе се занимава исклучиво со поп музика. Неофицијално, првите имиња кои ќе влезат во оваа продукција се Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, но и нашите Ристе Ристески, Ален Хасановиќ и Филип Божиновски.