Одбојкарската репрезентација на Македонија и оваа година поразена во финалето

Одбојкарската репрезентација на Македонија со сребро ги заврши натпреварите во Европската лига.

Во финалето Македонија претрпе пораз со 0:3 од Естонија, која покажа далеку подобра игра од нашата репрезентација. Првиот сет го доби со 25:19, вториот со 25:13, а третиот со 25:23.

Македонија и оваа година не успеа да обезбеди пласман во Светската лига.

WebOhrid