НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид, денес гостува на Деветнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Охридскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов.
Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Во истата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.
Препорачана возраст: +15.