Охриѓани учествуваа во одбележување на Светскиот ден за борба против мозочен удар

Голем број охриѓани учествуваа во одбележување на Светскиот ден за борба против мозочен удар, кое во организација на Црвен крст Охрид и здружението Мозочен удар Охрид под мотото „МОЗОЧНИОТ УДАР МОЖЕ ДА СЕ ЛЕЧИ“ се одржа денес на градскиот плоштад во Охрид.

Повозрасните ја искористија можноста да го преконтролираат своето здравје преку контрола на нивото на шеќер во крвта, мерење на крвен притисок и ЕКГ и воедно добијат едукативен материјал и информации од присутните медицинските стручни лица за ризик факторите и препознавање на мозочниот удар, начините на превенција и заштита, третман и лекување.

На сите присутни им беше достапен штанд со здрави прехрамбени производи.