Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ беа ангажирани со одржување на јавната чистота во У.З.14 „Радојца Новичиќ“.
„Опфатени беа улиците „Радојца Новичиќ“, „Кленоец“ и сите пристапни улици, патеки и тротоари. Темелно се расчистени јавните површини од наноси од земја, песок и отстранета е ниската вегетација.“– велат од претпријатието.
Овие активности се одвиваат по динамика која е дефинирана во Програмата за работа за 2015 година.
Согласно задолженијата кои ги има ЈП „Охридски комуналец“ по „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2015/2016 год.“ екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.
„Заради специфичноста на теренот во стариот дел од градот на одредени пунктови се депонирани абразивни средства.“– додавват оттаму.