Претседателот Иванов се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со амбасадорот на САД, г. Џес Бејли, на која го честиташе изборот на г. Доналд Трамп за Претседател на САД.

Македонскиот претседател изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија – интеграцијата во евроатлантските структури, добрососедските односи и регионалната соработка. На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Република Македонија и САД, за актуелните состојби во двете земји, како и за состојбите во поширокиот регион на југоисточна Европа.

Двајцата соговорници се согласија за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.