Средба на градоначалникот Бакрачески со јапонска делегација

Јапонската делегација предводена од генералниот директор на Музејот на езерото Бива, денес беше примена од градоначалникот Никола Бакрачески. Јапонските експерти се во посета на Охрид, како резултат на несебичното залагање на Македонската амбасадорка во Јапонија, Андријана Цветковиќ, за воспоставување на научно -истражувачка соработка помеѓу Музејот од Кусатцу и Хидробиолошкиот Завод од Охрид.

„Денес во посета на општина Охрид на покана на општината и Хидробиолошкиот Завод, престојува делегација на Музејот на езерото Бива од Јапонија, претставена од директорот на оваа институција, д-р Тори Шинохара. Посетата претставува продолжување на соработката што ја воспостави амбасадата на РМ во Јапонија и амбасадорката Андријана Цветковиќ, на чија иницијатива започна овој процес на комуникација и соработка со музејот на езерото Бива. Општина Охрид активно се вклучи да ја поддржи оваа иницијатива на амбасадата на РМ и во изминатиот период од година и пол имаше интензивна кореспонденција за подготвување на овој меморандум за соработка чие потпишување ќе се случи непосредно после оваа средба. За таа цел ја користам оваа прилика да се заблагодарам на нашата амбасада и на господинот д-р Тори Шинохара, за напорите кои што ги вложија за да се оствари оваа соработка, за која што сметам ќе даде огромен придонес за понатамошниот истражувачки развој на оваа институција односно на Хидробиолошкиот Завод од Охрид“ – истакна по средбата градоначалникот Никола Бакрачески.

Веднаш по средбата со градоначалникот Бакрачески, г. Тори Шинохара во име на Музејот на езерото Бива и директорката на Хидробилошкиот Завод, Елизабета Вељаноска – Сарафилоска, го го потпиша Меморандумот за соработка, кој треба да резултира со повеќе заеднички научно – истражувачки проекти.

This slideshow requires JavaScript.